ЦИВИЛ: Овој ден ќе го паметиме по попречување на гласачите да ја изразат својата волја на референдумот

by fokus

Набљудувачите на Цивил – Центар за слобода, јавуваат за нерегуларности и несоодветно однесување на некои набљудувачи. Референдумскиот ден изминува без сериозни инциденти, но со голем број помали и поголеми нерегуларности, истакнува претседателот на организацијата Џабир Дерала.

„Овој ден ќе го запомниме по масовното кршење на изборниот молк и попречување на гласачите да ја изразат својата волја на референдумот“, рече Дерала.

Од Цивил забележуваат и дека на социјалните мрежи се врши груба кампања со стигматизација на тие што гласаат, со објавување на нивни фотографии. А имаат и сериозни забелешки поврзани со Избирачкиот список.

Поврзани новости