Најголема излезност во Сарај, над 54%, а најмала во Ново Село од 13%

by fokus

Според податоците на Државната изборна комисија најголема излезност до 17 часот има во општина Сарај каде што на гласање излегле 16.867 гласачи или 54,21 проценти од граѓаните со право на глас. Зад неа се општина Липково со излезност од 41,56 отсто и Центар со 40,67 отсто.

Следуваат општините: Арачиново со излезност од 38,30 отсто, Карпош со 38,11 отсто, Чаир 36,16 отсто, Крушево со 35,98 отсто Дојран 35,69 отсто.

Најмала излезност има во општините Ново Село каде што излегле само 13,80 отсто од граѓаните со право на гласи и Илинден со 14,47 отсто.

Поврзани новости