Заев со осум пати поголема доверба кај народот од Мицкоски

by fokus

Премиерот Зоран Заев е поличар со најголема доверба кај граѓаните, додека релативно новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не може да се пофали со тоа колку од граѓаните му ја даваат довербата, покажува анкетата објавена вечерва на телевизија Телма.

Имено, за 24,1 отсто од испитаниците Заев е политичарот кој ја заслужува нивната доверба, додека за Христијан Мицкоски се изјасниле 2,9 отсто.

Претседателот Ѓорѓе Иванов има доверба од 9,9 отсто од испитаниците, додека Али Ахмети има 4 отсто. Зијадин Села има доверба кај 2,9 отсто.

Поврзани новости