Со објавувањето на следните, посериозни бомби, Груевски ќе ѝ каже збогум на политиката. изјави лидерот на опозицијата, Зоран Заев за телевизијата Н1, ексклузивен информативен партнер на светската телевизиска мрежа CNN. Заев смета дека новите докази ќе ги уништат сите обиди на Груевски да остане на власт по секоја цена.
-Оставки се неизбежни. Преодна влада е неизбежна. Од тоа бегање нема. По се што имаме уште да објавиме, обидите на Груевски да се додржи на власт, нема да успеат, рече претседателот на СДСМ.
Тој за телевизијата Н1 ја објасни вмешаноста на премиерот Груевски, преку оф-шор компании, во зделките за парцелите на Водно. Според Заев, на штета на Скопјани, зелените појаси се заменети со градежни парцели, за што по директна нарачка на Груевски се менувале урбанистичките планови. Со промената на намената на парцелите со вкупна површина од 14.000 м2, нивната вредност денеска стигнала до, како што рече Заев, неверојатни 17 милиони евера .