Алсат М ја раскина соработката со Васко Ефтов

by Фокус

Телевизијата Алсат М го прекина договорот за емитување на „Во Центар“ на Васко Ефтов, со образложение дека не ги оправдала очекувањата за рејтинзите и воедно ги повредила чувствата на Албанците.

„Во емитувана емисија на 24.03.2015 година еднострано и тенденциозно се прикажуваат настани од минатото со што беа повредени националните чувства на Албанците, што е спротивно на уредувачката политика на куќата“, известија од Алсат М.

Новинарот Ефтов се изјасни преку неговиот фејсбук профил и фан-страната на социјалната мрежа, каде обвини дека неговата емисија е отстранета под влијание на двоецот на чело на СДСМ – Зоран Заев и Радмила Шеќеринска.

„Оваа е валкана војна. Јас сите мои битки сум ги добил, ќе ја добијам и ова. Ова е не е моја битка со опозицијата, ова е моја битка со Заев и Шеќеринска и нивното сваќање на демократијата во која нема место за нивните неистомисленици“, напиша Ефтов.

Поврзани новости