508
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев и првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски утре ќе се соочат на тв-дуел, што предизвикува големо внимание кај јавноста.
Заев порача дека е подготвен да дебатира со Мицкоски за секоја тема, а граѓаните да проценат кој е подобар за премиер на Македонија.
„Во последните две и пол години, можеме да кажеме дека слободата секој може да ја потврди како еден од најголемите успшеси на владата. Јас сум подготвен да дебатирам до крај, а и ги знам новите потенцијали за успеси. Граѓаните ќе можат да видат за каков карактер на човек се работи за потенцијалната премиерска функција“, истакна Заев.