Русковска за шпекулацијата дека ќе стане адвокат: Доколку се повлече Јовески ќе си заминам и јас

by fokus

Шфицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска смета дека прислушуваните разговори и натаму ќе може да се предлагаат како докази во судските постапка. Таа во интервју за ТВ Алфа укажува дека јавниот интерес е поважен од начинот на кој се стекнати прислушуваните разговори и таа пракса ја наметнуваат пресудите од Судот за човекови права од Стразбур.

Прашана за тоа каде завршила торбата со пари од снимките во случајот Рекет, обвинителката објасни дека според фискалните сметки, голем дел од парите биле потрошени на шопинг во Италија а останатите веројатно биле ставени на располагање на медиумот кој Боки 13 го предводел.

„148 илјади евра потрошени во продавници во Италија. За тоа најдовме фискални сметки. Телевизија е скапа играчка. Јас знам дека тоа чини од 60 до 80 илјади евра месечно, рече обвинителката.

Во однос на шпекулациите дека ќе ја напушти функцијата и ќе се занимава со адвокатура, Русковска рече дека ќе се повлече само доколку и републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески го стори истото.

Поврзани новости