545
Со Џезаир Шаќири-Хоџа донесовме заедничка одлука дa го раскинеме договорот, откако слушнавме што кажува, но и опозицијата што кажува, изјави премиерот Зоран Заев.
-Транспарентни сме за се. Нашата цел беше инклузивен процес и надминување на конфликтите од минатото. Луѓе кои во минатото се гледале низ нишан, сега работаат за својата земја Република Македонија. Но, истовремено сме и луѓе кои слушаат, а реакциите беа преголеми. Слушнавме што народот кажува, што кажа опозицијата која исто така беше критичка кон ова прашање. Разговаравме со Џезаир Шаќири и заедно донесовме одлука договорот да го раскинеме – рече Заев.