ВМРО-ДПМНЕ: Заев лаже дека Хоџа сам одлучил да се повлече

by fokus

Срамно е образложението дека таканаречениот Командант Хоџа самиот одлучил да се повлече од висока владина функција веднаш до премиерот заради тоа што ја сакал Македонија. Зоран Заев лаже!, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ откако Шакири изјави дека се повлекува од советничката позиција.

 

„Ваквото однесување на Зоран Заев е срамно. Ваквото мајтапење со граѓаните, државата и нејзините институции е недозволиво. Зоран Заев и сите оние кои што ги вршеле безбедносните проверки за Командантот Хоџа и препорачале тој да биде висок функционер мора да сносат одговорност. Пред само неколку дена дури и Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го бранеше именувањето на Хоџа и не гледаше ништо спорно и контраверзно во фактот дека радикал од црната листа, чие име се поврзува и со убиство на полицаец, треба да го советува и премиерот и за полицијата“, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Поврзани новости