Заев со доставување на програмата ќе го убедува Иванов дека не е загрозена државата

by fokus

Ќе се обидеме да ги отстраниме сите сомнежи на претседателот Ѓорге Иванов за да може тој во рок во рок од 10 дена да го даде мандатот, изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на денешното претставување на програмата на идната влада.

-Не сакаме да воведуваме нови пракси на Македонија затоа сме упорни и чекаме потег од господинот Ѓорге Иванов. Денеска ја презентираме програмата на владата овде, затоа што не е возможно тоа да биде во Собранието, рече Заев.

Денеска во писмена форма на претсетдателот Иванов ќе му биде доставена програмата на новата владина коалиција во која нема задолжително учење на албански, двојазични банкноти и двојазични униформи, а како што рече Заев, парламентарното мнозинство ќе биде силно посветено на зачувување на унитарноста, суверенитот и независноста на Македонија.

Поврзани новости