Заев: Ќе покренеме истрага за смртта на Никола Младенов

by fokus

Ќе покренеме истраги за смртта на Никола Младенов, на Мартин Нешковски и ќе ги расветлиме случаите  „Монструм“, кумановските настани, „Сопот“, „Бродец“ , рече Зоран Заев, лидерот на СДСМ денеска на прес конференција на која ја обелодени Предлог – програмата за работа на новата влада 2017 – 2020 година , предводена од Социјалдемократскиот сојуз.

„Како што ветивме, новата Влада ќе се посвети на целосно расветлување на кумановските настани од мај 2015 година и на откривање на иницијаторите и позадината на целиот случај. Ќе побараме и меѓународна поддршка во истрагата заради обезбедување на сите релевантни информации, но и за обезбедување на потполна доверба на граѓаните во резултатите од истрагата. Надлежното министерство ќе даде целосна логистичка поддршка на обвинителските и судските органи во отварањето и водењето постапки за предметите „Сопот“, „Бродец“, смртта на Мартин Нешковски, на Никола Младенов и случајот „Монструм““, рече Заев.

 

Поврзани новости