Претседателот на СДСМ Зоран Заев во чест на големиот празник Курбан Бајрам упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, Реис ул улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи и до сите граѓани кои го празнуваат.
-Ви го честитам големиот празник Курбан Барјам на Вас, на членовите на Исламската верска заедница, на граѓаните од исламска вероисповед и на сите кои го празнуваат, во мое име и во име на Социјалдемократскиот сојуз. Духовната сила што ја носи овој голем празник нека биде силен поттик за секого, посилен од секогаш, да застане зад вредностите што го отвораат патот кон мирен, безбеден, среќен, достоинствен живот. Тоа е сочувството, тоа е љубовта, тоа е мудроста, тоа е трпението, тоа се меѓусебното разбирање и толеранцијата. Искушенијата пред коишто сме исправени испраќаат порака дека е неопходно попосветено да се насочиме кон заедничкото добро, се вели во честитката на Заев.