Денеска во Кривичниот суд треба да се одржи судско рочиште за случајот „Ровер“ во кој меѓу обвинетите е поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски. Овој случај во судница велгува по трет пат, бидејќи Апелациониот суд во два наврати ја укина првостепената пресуда.
Во судот предмалку се појави Бошкоски кој истакна дека како и на почетокот, очекува ослободителна пресуда. Запрашан дали ќе се врати на политичката сцена, Љубе истакна дека е спремен за избори, но своите ставови ќе ги соопшти по Централното собрание на партијата.