Од земјотресот паднал плафонот во кино Милениум

by fokus 10:48
10:48

При вчерашниот најсилен земјотрес се урнал дел од плафонот во киното Милениум во Градскиот трговски центар, соопшија од продукцијата на филмот „Ослободувањето на Скопје“.

Премиерата на овој филм која требаше да се одржи вчера вечер поради уривањето на плафонот не се одржа.

Скопската проекција беше закажана за 20 часот вечерва, а  гостин требаше да биде Раде Шербеџија. Филмот вчера за прв пат се прикажа во Битола во рамки на филмскиот фестивал „Манаки“.

Поврзани новости