393
Во новогодишното обраќање до граѓаните, лидерот на СДСМ Зоран Заев порача дека со граѓаните ќе ја постигнат заедничката цел да се оствари правото на слободен избор.
– Сите ние, заедно, сплотени, можеме да ја вратиме слободата и ќе ја оствариме нашата обврска! Во Македонија ќе се образуваат, ќе дебатираат, ќе одлучуваат слободни луѓе. Македонија ќе биде општество на слободни граѓани, слободната волја ќе биде неприкосновена – рече Заев.