Заев славеше роденден: И во петатта деценија шланг

by fokus
 Лидерот на СДСМ и градоначалник на Струмица, Зоран Заев, во саботата наполни 42 години. Во пладневните часови, по завршување на рели трката која што се одржа во Струмица, млади струмичани со торта и транспарент на кој што пишуваше ,,Среќен роденден градоначалниче“, му го честитаа роденденот, а пак во вечерните часови, со роденденска торта славел дома, во присуство на семејството.
14632809_10154690566737932_8818622102001851662_n

,,Четириесет и вториот роденден го славев дома, со семејството, но и со многубројни роднини од фамилијата Заеви. Кога се роденденските желби во прашање, нормално дека си посакав сите да сме живи и здрави, а кога ги дувнав свеќичките, мојата роденска желба беше победа на изборите!“ – ни изјави струмичанецот.

И покрај тоа што е веќе во петатта деценија од животот, Заев се уште може да се пофали со младешкиот изглед и атлетски граденото тело. Иако во Македонија важи непишаното правило, веднаш штом некој седне во градоначалничка фотелја да стави десеттина килограми плус, тоа не важи за Заев. Кога неодамна го запрашавме која е тајната за неговата добра линија ни кажа дека не е од оние кои што редовно посетуваат теретана, а кога е спортот во прашање, одвреме – навреме се случувало да заигра фудбал со другарите.

thumbnail_zaev-negotino,,Всушност тука и нема некоја тајна, јас живеам доста динамичен живот и претпочитам секаде каде што има потреба да се појавам лично. Тоа значи дека постојано сум во движење во изминатава деценија. Околу исхраната, откако започнав да се занимавам со политика го прескокнувам појадокот и ручам и вечерам мали порции. И дома ме задеваат за линијата, затоа што целата моја фамилија изобилува со буцкасти луѓе“ – ни раскажа Заев.

 Вики Клинчарова
 

Поврзани новости