Крвав викенд во Турција: Загинаа 18 лица во напад на бомбаш – самоубиец

by fokus

Турскиот премиер Бинали Јилдирим изјави во Истанбул дека во експлозија на автомобил-бомба на југоистокот на Турција загинале 18 лица, а 26 се ранети.

Тој го осуди нападот и нагласи дека Турција ја продолжува борбата против тероризмот.

Нападот го изврши бомбаш-самоубиец кој крена во воздух комби со пет тони експлозив во близина на воен пункт – изјавил Јилдирим.

Во нападот кој се случил во покраината Хакари биле ранети 10 војници и 16 цивили.

Поврзани новости