441
Премиерот Зоран Заев од вечерашната трибина од Крива Паланка порача дека сите сегменти од општеството се здружени за референдумот, само лидерот на ВМРО-ДПМНЕ никако да донесе одлука.
-Кога народот има пари, живее економијата во државата. Синдикатите велат ќе има поголеми работнички права, поголеми плати. Затоа и синдикатите се за. Затоа сите сме здружени. Се уште, мојот опонент Мицкоски никако одлука да донесе. Вели дека е за ЕУ и НАТО. Сите знаат дека без Договорот со Грција нема ЕУ и НАТО, рече Заев.