Мицкоски им го соопшти ставот за референдумот на коалициските партнери

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари средба со партнерите од коалицијата „За подобра Македонија“.

-На средбата се разговараше за актуелните политички случувања, капитулантскиот договор со Грција, престојниот референдум за промена на името и корупциските афери и скандали на власта, односно масовниот грабеж кој се одвива зад сцената. Коалициските партнери се согласија дека капитулантското дело наречено договор не може да ја надомести штета која владата на Заев и СДСМ ја нанесува државата. Коалцијата ,,За подобра Македонија’’ го потврди ставот дека не може да се согласи со капитулантскиот договор со кој се брише името, јазикот и идентитетот на државата. Претседателот Мицкоски на коалициските партнери им го соопшти ставот на партијата кој се базира на достоинството и разумот на граѓаните, сами да одлучат како ќе постапат на 30 септември. Ниту СДСМ, ниту ВМРО ДПМНЕ имаат право да им наложуваат на граѓаните како да постапат по едно вакво историско прашање од кое не зависи само иднината на сегашните, туку и на идните генерации. Само политичари кои се длабоко навлезени во криминал и кои знаат дека народот ги прочитал и очекува да си заминат би се плашеле од давање на доверба на граѓаните сами да одлучат. Само политичари со црни петна зад себе, кои не веруваат и го потценуваат народот, може да се сомневаат во неговиот капацитет, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Поврзани новости