Заев: Сите што земаат плата мора да доаѓаат на работа, без разлика на националноста

by fokus

Премиерот Зоран Заев денеска одговарајќи на новинарски прашања рече дека сите кои земаат плата мора да доаѓаат на работа. На прашањето зошто се отпуштаат Роми кои биле вработени во Владата, Заев рече дека има само предлози за отказни решенија.

Додаде дека по Нова година ќе се сретне со нив за да им објасни дека доколку некој не се појави три последователни дена на работа, законски му следува отказ.

-Лично ќе им кажам на луѓето дека ако земаат плата, мора да доаѓаат на работа. Јас граѓаните не ги делам на Македонци, Роми, Албанци и Турци. Сите мора да доаѓаат на работа и чесно да си ја извршуваат работата за која граѓаните преку даноците ги плаќаат, рече Заев.

Поврзани новости