Заев на средба со УПОЗ: Инспекторите ќе ја добијат задоцнетата плата наредната недела

by fokus 19:57
19:57

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со претставници на УПОЗ: претседателот Пеце Груевски, генералниот секретар, Трпе Деаноски, потпретседателката за правосудство при УПОЗ, Верица Тасева и Димитар Гаќев, член на Претседателството и претседател на инспекцискиот одбор.

Претставниците на Синдикатот на УПОЗ ја поздравиле определеноста на премиерот Заев и на новата Влада за социјален дијалог со синдикатите и за изнаоѓање решенија за отворените прашања.
На состанокот било разговарано за повеќе актуелни прашања поврзани со судската служба, јавно-обвинителската служба и со државната администрација.

Премиерот Заев и министерот за финансии, Тевдовски, информирале дека вработените во инспекторатите ќе ја добијат задоцнетата плата по одржување на седницата на Владата, планирана за наредната недела.

Поврзани новости