Бејли со честитка до Мицковски: Ве повикуваме да бидете контруктивни

by fokus 20:48
20:48

Американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли денеска му го честиташе изборот на Христијан Мицковски за нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ и му порача да соработува на зајакнувањето на демократијата, владеењето на правото и подобрување на односите со соседите.

-Вашето стапување на оваа важна функција доаѓа во време на можност за голем напредок на Македонија во насока на аспирациите за безбедност, просперитет и инклузивна демократија, целосно интегрирана во НАТО и ЕУ. Како најголема опозициона партија во Собранието, го повикуваме ВМРО-ДПМНЕ да игра конструктивна улога во зајакнувањето на демократските процеси и владеењето на правото, како и унапредување на односите со соседите. САД очекува продолжување на соработката со Македонија, како со владата така и со опозицијата, се вели во честитката.

Поврзани новости