Заев: Сите да бидеме заедно кога наредниот месец во Брисел ќе се крене македонското знаме

by fokus

Премиерот Зоран Заев побара поддршка од пратениците за Договорот со Грција за крај на спорот со името.

-Пред три дена во преспа потпишавме договор за крај на спорот кој донесе сериозни последици. Достоинствено и прифатливо решение за двете страни. Имаме договор со јасни обележја на македонското, на македонскиот јазик така како што ги разбираме ние, македонците од македонската држава. Јазикот е нашата татковина, рече еднаш академик Блаже Коневски. Потписите на договорот во Преспа го заштитија нашиот македонски идентитет за век и векови. Обезбедивме безбедна и сигурна иднина, рече премиерот Заев.

Тој повика да му се даде шанса на решението, бидејќи последната одлука ќе ја донесат граѓаните на референдум.

-Овој договор не извлекува од минатото и не носи во иднината. Овој ден ја прави огромна извесноста дека од европскиот совет ќе добиеме датум за старт на преговорите. Поканата за НАТО станува стварност. Ајде да бидеме сите заедно под знамето на нашата држава кога ќе се крене во Брисел наредниот месец, додаде Заев.

Според премиерот, Договорот ќе ги изедначи младите во Македонија со младите во европските земји.

-Со ова решение не само што добиваме уште еден пријател, стратешки партнер, не само што ја гарантираме стабилноста и безбедноста, туку ја остваруваме и вековната аспирација на нашите предци, конечно да биде признаена од светот, држава која ќе биде признаена, во која ќе се зборува македонски јазик признаен од целиот свет. По ова важно прашање нашите граѓани ќе донесат одлука, за каква иднина се залагаат, рече Заев.

Поврзани новости