Заев: Шуќур се договоривме со Мицкоски за пописот

by fokus

Премиерот Зоран Заев, во вечерашното интервју за Канал 5, истакна дека тој направил отстапка во врска со пописот.

-Шуќур се договоривме, сега да видиме дали ќе се реализира договорот. Јас ја направив отстапката. Имавме ситуација како лидерот на најголемата опозициска партија апелираше на бојкот. Нема да отворат врата… На самиот состанок продолжив пописот да се одложи за две и пол недели. Моцкоски вика Не, имунитетот се стекнува после втората доза. Сите го знаеме тоа, во ред прифатив. Од сто да решиме една, ајде, кој ти дава, рече Заев.

Зборнавме за методологијата, за техничкиот аспект, рече Заев.

-Суштината не треба да ја чепкаме, има технички работи кои треба да се сменат, рече Заев.

Поврзани новости