Заев: Сета вистина ќе исплива на виделина

by Фокус 12:31
12:31

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска во Јавното обвинителство даде нов исказ по однос на кривичната пријава дека наводно зел поткуп од сограѓанин за градежен имот.

– Моја одговорност е да бидам овде, за да оставиме правна трага. Не сум адвокат, но од моите адвокати знам дека процес во кој нема пари никаде во Македонија досега не се водел. Прво истражните органи ги покажувале парите или доброто, но чуден е овој процес со оглед на политичките ситуации во земјава. Ќе дојде време кога вистината ќе исплива на виделина, па и за процесот со Заев. Не очекувам дека ќе има нови докази, без разлика за овој или другиот предмет. Знам дека лицето кое што се обидуваше да ме намести за поткуп, дал исказ а дали дал во обвинителство, искрено, не знам – изјави Заев.

- Advertisements -

Деновиве се очекува Заев во обвинителството да даде исказ и за случајот „Пуч“.

 

Поврзани новости