Нова кривична пријава од СДСМ за Мијалков

by Фокус

Денеска, СДСМ до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал поднесе кривична пријава против Сашо Мијалков, директор на УБК, Светлана Костова, судијка во Вишиот Управен суд и Хаим Хакијни, странски држвјанин, инволвирани во мега корупциски скандал за набавка на опрема од Израел

Кривичните дела за коишто е поднесена пријавата се примање поткуп, злоупотреба на службената положба и овластување, како и за кривичното дело давање поткуп.

Во текот на 2011 година, провоосомничениот Сашо Мијалков преку НН фирма примил провизија од 840.000 евра, 540.000 евра и 200.000 евра како награда за склучување договор за набавка на опрема, по значително повисока цена од реалната. Со тоа Сашо Мијаков, сторил кривично дело примање поткуп и злоупотреба на службената положба и овластување.

Второосомничената, Светлана Костова, му помогнала на првоосомничениот и посредувала во врска со плаќањето на наградата и склучувањето на договорот за набавка на опремата. Третоосомничениот го договорил и го извршил плаќањето на наградата со што сторил кривично дело давање поткуп.

Со дејствијата на тројцата осомничени била нанесена штета на Буџетот на Република Македонија од големи размери, којашто дополнително терба да се утврди.

 

Поврзани новости