Заев: Секогаш кога СЈО ќе отвори случај, ОЈО отвора контра случај за мене

by fokus

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска беше на распит во Основното јавно обвинителство по што изјави дека секогаш кога СЈО ќе отвори некаков влучај против функционери од актуелната власт, тој е таргет на ОЈО.

-Се појавивме во Основното јавно обвинителство за да ја докажеме нашата невиност. Финансиите за изборите се јавно објавени и можеме да служиме за пример како една политичка партија треба да раководи со финансиите, изјави Заев.

Тој не сакаше да каже конкретни информации за што се разговарало, бидејќи како што рече, се работи за предистражна постапка.

Поврзани новости