Маја Иванова и честитала на попретседателката на Азербејџан која беше назначена од нејзиниот сопруг претседател

by fokus

Претседателот Ѓорѓе Иванов заедно со неговата сопруга Маја Иванова беше во посета на Азербејџан, држава со која раководи една фамилија. Претседателот Илхан Алијев  минатиот месец си ја назначи сопругата за потпретседател на државата.

Медиумите од Азербејџан пренесоа дека Маја Иванова остварила средба со попретседателката Мехрибан Алијева и ѝ честитала за нејзиното именување за потпретседателка на државата. Сопругата на македонскиот претседател  ја пофалила Алијева за она што досега го направила и ѝ посакала успеси во нејзините идни потфати.

Алијева пак, се заблагодарила на поканата да ја посети Македонија, изјавувајќи дека спроведувањето на заеднички проекти би било корисно. Двете први дами збопрувале за можностите за соработка меѓу двете земји во областа на здравството, културата и образованието.

Функцијата потпретседател на Азербејџан беше воведена на референдум по кој претседателот Алијев ја назначи неговата сопруга. Со референдумот, претседателот си го зголеми и мандатот од пет на седум години. Уставните промени кој ги донесе референдумот предвидуваат и можност, шефот на државата да може да го распушти Парламентот, тогаш кога тој ќе посака.

Опозицијата која се противеше на референдумот, тврди дека уставните промени ќе ја „зацементираат власта на семејството на Алијев“, на неговата сопруга и на 19-годишниот син, на кого се гледа како на наследник на претседателската функција. Претходник на Алијев беше неговиот татко, Гајдар Алиев, кој управуваше со Азербејџан 23 години.

 

Поврзани новости