Заев се сретна со конгресменот Елиот Ејнгел

by Фокус

Претеседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска оствари средба со делегација предводена од американскиот конгресмен Елиот Ејнгел, придружувана од амбасадорот на САД во Р.Македонија, Џес Бејли. Теми на средбата биле актуелната политичка криза во Македонија, меѓуетничките односи и евро-атлантските перспективи на Македонија.

Исто така, Заев ги презентирал политиките на СДСМ насочени кон, како што велат од партијата, враќање на уништените демократските вредности во Македонија.

-Американскиот конгресмен Ејнгел и членовите на делегацијата се интересираа посебно за меѓуетничките односи во Македонија. Претседателот Заев го соопшти позитивниот пример со коалицијата Граѓаните за Македонија, којашто покажа дека граѓаните, независно од различностите по која било основа, можат да функционираат заедно, кога за тоа постои искрена волја, стои во соопштението од СДСМ.

Поврзани новости