Тодоров ќе ги заострува казните за лекарите кои доцнат

by Фокус

Лекарите што доцнеле два пати или повеќе од два пати на преглед закажан во „Мој термин“ ќе се соочат со казна, најави денеска министерот за здравство, Никола Тодоров. Досега се казнувало откако некој лекар ќе задоцнел три пати.

Како што објасни Тодоров, списокот со лекарите кои доцнеле два пати или повеќе од два пати, еден или повеќе од еден час во текот на месецот, ќе биде  доставен до директорите на болниците, со задолжение за директорот да побара од лекарите да го корегираат начинот на функционирање. Потоа директорот ќе треба да покрене соодветна дисциплинска постапка, врз основа на Законот за здравствена заштита.

Но, во болницата „8 Септември“ досега нема казнето ниту еден лекар кој доцнел. Директорот на оваа болница вели дека сите лекари кои доцнеле, давале издржани оправданија.

-Од лекарите за кои добиваме известување дека доцнеле, секогаш бараме да објаснат зошто доцнеле и досега сме добивале издржани образложенија. Нашата работа е динамична. Секако дека нема да дозволам неоправдано да доцнат некои лекари, но не може да секогаш да се инсистира на казни, вели директорот на „8 Септември“.

Поврзани новости