762
На маргините на Самитот на НАТО во Брисел премиерот Зоран Заев имаше средба со премиерот на Република Словенија, Јанез Јанша на која разговарале за евроинтеграцијата на Македонија.
-Му пренесов благодарност за континуираната поддршка од Словенија за процесот за евроинтеграцијата на нашата земја, која уште еднаш беше реафирмирана на последната сесија на процесот Брдо-Бриони. Изразивме обостран интерес да ги забрзаме подготовките и за првата меѓувладина седница на двете земји, која ќе поттикне развој на економските врски, како и подинамична соработка на деловните заедници од Северна Македонија и Словенија, соопшти Заев.