ФФМ бара најстрога казна за Арнаутовиќ!

by fokus 19:49
19:49

Фудбалската федерација на Мaкeдонија денеска најостро го осуди националистичкиот испад на австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ, после постигнатиот гол на вчерашниот натпревар со Македонија упатени кон македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски.

-Истовремено ве информираме дека поднесовме официјален допис до УЕФА во кој бараме најстрога казна за австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ.
Како “Куќа на фудбалот” секогаш сме против национализам, дискриминација и сите други форми на навреди  и испади кои не се во духот на фудбалот и вредностите за кои сите заедно се залагаме.
Секогаш ќе застанеме и ќе ги браниме  интересите и достоинството на македонските репрезентативци каде и да настапуваат, порачаа од ФФМ.

- Advertisements -

Поврзани новости