Заев: Се шири фронтот за демократска Македонија, се вклучи и Алијансата за позитивна Македонија

by Фокус

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска објави дека во фронтот за демократска Македонија, се вклучила и Алијансата за позитивна Македонија.

– Поддршката на платформата за демократска Македонија расте. Расте досега од политичките партии, пристигнуваат позитивни информации од граѓанските организации, од многу интелектуалци и ќе расте во периодот како што надоаѓа. Посебно мотивирана од сите овие глупости коишто се случуваат во државата, за жал и од човек којшто ја извршува функцијата Претседател на државата. Мене ми е драго што се приклучуваат партии со коишто во минатото не сме имале некои директни соработки, освен принципиелни, во функција на интересите на државата. Еве денеска со Алијансата за позитивна Македонија, со луѓе коишто ги познаваме, наши пријатели, со коишто истовремено застануваме заедно, сплотени рамо до рамо, без било какви предрасуди, заради единствената исконска цел, нашата Македонија и граѓаните на нашата Македонија. Сакам да испратам порака да продолжи подршката на оваа Платформа којашто е заедничка, којашто е граѓанска – изјави Заев.

 

Поврзани новости