Премиерот Зоран Заев верува дека ќе има двотретинско мнозинство за уставните измени и верува дека последните притвори на функционери од ВМРО-ДПМНЕ нема да имаат влијание врз политичкиот систем во државата. Неговиот оптимизам доаѓа и по ставот на дел од осумтемина пратеници кои отворено кажаа дека последните притвори на Мијалков, Јанакиески и Божиновски не се во функција процесот на помирување
„Жалам што пратениците истакнуваат дека тоа влијае, секако јас се надевам дека ќе останат на сите свои ставови, бидејќи на 1 декември ќе соопштиме амандмани со кои ќе потврдиме сериозна вграденост на опозиционите дискусии и предлози во самите уставни амандмани што според мене ќе значи потврдување на двотретинското мнозинство па дури и негово зголемување, но тоа е само моја надеж”, истакна Заев.