Тридневна жалост во Дебар, денеска беше погребан градоначалникот Љата

by fokus

Денеска во Дебар во муслиманските гробишта беше погребан градоначалникот на општина Дебар, Ружди Љата, кој вчера, по кратко и тешко боледување, почина на Клиничкиот центар во Скопје

Советот на општина Дебар донесе одлука по повод смрта на Лата да прогласи тридневна жалост, а на Комеморацијата која се одржа во Центарот за култура присуствуваа претседателот на Собранието на Македонија, Талат Џафери, потпретседателот на Владата Бујар Османи, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, претседателите на Исламските заедници на Македонија Сулајман Реџепи, на Албанија Скендер Бруќај и на Косово Наим Трнава како и сите 13 муфтии во Македонија.

Претседателот на ИВЗ  Сулајман Реџепи истакна дека тој со Љата, кој беше и муфтија на Дебар а потоа и градоначаник, имал одлична соработка.

-Љата беше голем човек и даде многу за верата, нацијата и демократијата – изајви Реџепи

Поврзани новости