Заев: СДСМ ќе им ја врати Македонија на граѓаните

by Фокус

Денес СДСМ е исправена повторно пред еден од најголемите предизвици од независна Македонија – враќање на сите срушени вредности од страна на 9-годишната расипничка и узурпаторска власт, вели партискиот лидер Зоран Заев во честитката пои повод 24-тиот роденден на партијата.

„Денеска, во чест на роденденот на СДСМ ја испраќам силно пораката, дека СДСМ ќе ги врати демократијата и слободата во државата! Храбро и одважно, со проектот „Вистината за Македонија“ застанавме на браникот на заштитата на човековите и државните вредности. Порачувам дека нашата посветена работа продолжува и нема да застанеме додека не им ги вратиме на граѓаните и на Македонија“, вели Заев.

Поврзани новости