Уште пред две недели Стојанче Ангелов предупреди дека се можни креирани инциденти во Липковско

by Фокус

Стојанче Ангелов тогаш во говорот пред МРТ кажа дека власта платила 2 милиони евра за да предизвика меѓуетнички судир, а за тоа да ги обвини него и лидерот на СДСМ, Заев.

– Некој во нашата држава направил монструозен план за меѓуетнички судир – имам информации дека се дадени 2 милиони евра на Албанци кои немаат врска со УЧК, кои се некои криминалци во Липковскиот регион. Нивната задача била да се претстават како УЧК и да извршат убиство на неколку припадници на полицијата или армијата и така да превизикаат меѓуетнички конфикт. Токму затоа се појави она монструозно соопштение потпишано од господинот Нетпрес дека Стојанче Ангелов и Зоран Заев подготвуваат крваво сценарио. Некој друг подготвувал такво сценарио, затоа излегоа со соопштение, наредните денови требаше да има ескалација, но тоа не им го дозволивме, рече Ангелов.

Тој уште еднаш истакна дека нема да дозволат некој да предизвика етнички конфликт.

-Доста беше омраза и убивање, сакаме да живееме како повеќето народи во Европа, нема да дозволиме да предизвикаат етнички конфликт. Нивната намера беше да го одвлечат вниманието а потоа да ги обвинат Заев и Англелов. Нивната намера е да ги уапсат Заев, но немаат храброст да го направат тоа. Можеби Заев грешел во минатото, можеби имаме различни ставови и сфаќања, но тој покажа голема храброст објавувајќи ги политичките бомби, рече Ангелов.

Поврзани новости