Заев: Само ни требаат чесни политичари кои ќе ги слушаат граѓаните

by fokus

Само ни требаат чесни политичари кои ќе ги слушаат граѓаните, порача попладнево од Чаир лидерот на СДСМ, Зоран Заев и додаде дека токму таков е кандидатот од ДУИ, Висар Ганиу.

-Нашата опција е Висар Ганиу кој ќе биде градоначалник на сите граѓани и заедно со градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, ќе донесе живот за сите во Чаир и во Скопје. Во недела да заокружиме број 3 и да прославиме живот за сите, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на митингот во скопската општина Чаир.

Тој додаде дека веќе не треба да се дозволи да владее национализмот, а Чаир е пример на мултиетничност.

Поврзани новости