И Тони Јакимовски остана без пасош

by fokus

Тони Јакимовски – поранешниот шеф на кабинет во УБК на Сашо Мијалков, останува без пасош, објави Телма .

Скопска апелација ја одбила жалбата на одбраната и ја потврдила одлуката на Кривичен со што пасошот на Јакимовски останува заложен во судот како дел од мерките на претпазливост. Врховниот суд летоска го спаси Јакимовски од притвор за случајот „Тврдина – Таргет“.

Апелација му определи притвор, заедно со сега избеганите Горан Грујевкси и Никола Бошкоски, но Врховен ја преиначи одлуката за него – да не оди во Шутка, но му го задржат пасош. Поради сето ова ја изгуби и директорската функција во регионалната антикорупциска организација „СЕЛЕК“ со седиште во Романија.

Поврзани новости