Заев: Прочистувањето на правосудството има потенцијал, охрабрувачки сигнали се процесите против некои судии

by fokus

„Законите ги донесовме, Законот за јавно обвинителство, Законот за судски совет, Законот за судовите и останатите европски закони, од пакетот 3-6-9, потоа од Планот 18 и очекувам сите претседатели на судовите да направат организација и план за работа. Можат да работат со позачестени рокови, да не застаруваат предметите. Законот за судски совет ги дава сите алатки за прочистување на судството во делот на ефикасноста, во делот на правичноста, рече премиерот Зоран Заев во вечерашното интервју за „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Тој додаде дека многу лесно може да се види кој не работи од судиите и така да се прочисти судството, а тие што работат да останат посветено и чесно да работат.

Заев истакна и дека како политичар не може да дава коментари за судството, со цел да не се меша во независноста на судиите, но, подвлече дека тој може да коментира дека најавеното прочистување на правосудството има потенцијал и дека може да се види и преку процесите кои започнаа против некои судии и дека тоа се охрабрувачки сигнали што ветуваат.

Поврзани новости