Заев: Не се размислува за нов карантин, ќе набавиме поевтини тестови со резултат за 20 минути

by fokus

Премиерот Зоран Заев во вечерашното интервју за “Само вистина“ на Канал 5 телевизија, зборуваше и за пандемијата, најавувајќи дека нема да има карантин како мерка против ширењето на коронаворусот.

Тој додаде дека она на коешто сите се фокусирани од здравствената комисија до државниот кризен штаб до Владата е мерките на лична заштита.

-Тука ги полагаме сите надежи. Сите се свесни, граѓаните знаат дека се во иднина ќе зависи од тоа колкав ќе биде бројот на заразени, бројот на смртни случаи, колку ќе трае оваа пандемија зависи од нашата лична одговорност. Колку повеќе носиме макса, правиме дезинфекција, држиме дистанца, не мора секој пат да правиме средба, можеме и по телефон дел од работите да ги завршиме, рече Заев.

Со намалување на тепературите, како што кажа, се зголемува и опасноста од зголемување на бројот на заболени и токму затоа е многу важно сите безусловно да ги почитуваат мерките. Владата, како што кажа Заев не размислува за нов карантин како мерка, но доколку надлежната Комисија поредложи аргументи, не се исклучува и таа опција.

Заев рече дека инспекциите казнуваат, затвораат, се поднесуваат кривични пријави, но не можат да ја најдат секоја домашна прослава.

-Сите да се потсетиме како беше и колку беше и колку е тоа страшно што се случува со оваа пандемија. Ние сите се опуштивме. Доаѓа зима, зимата ќе биде многу потешка од летото затоа што летото генерално, кажуваат стручните лица што значи дури и инфицирањето и како тоа се пренесува, зошто имаме асимптоматски случаеви, во зимата тоа нема да е така. Од почитувањето на мерките ќе зависи како државата ќе се движи. Ние како Влада не одлучуваме за овие работи. Ако прашате дали ќе затвараме, дали ќе има карантини. Не. Зошто? Да ја ништиме економијата, да го ништиме социјалниот живот на граѓаните? Не. Ама Комисијата која што е императив над сите ги каже сите издржливи аргументии тоа се случи, ние што да правиме, не сакаме, ниту Комисијата сака, ниту некои очекуваат дека има потреба од тоа, но важно е да ги почитуваме тие мерки, посебно затоа што залади времето, паѓаат температурите, дефинитивно ќе растат и бројките, рече Заев.

Тој потенцираше дека единствените мерки околу здравствениот аспект којшто во моментот ги разгледува Владата е како да се охрабрат и наградат здравстените работници.

Премиерот најави дека во следниот период ќе се зголеми капацитетот на јавните установи за тестирање и ќе се набават многу поевтини тестови, со што ќе може многу побрзо да се детектираат заразените случаи и нивните контакти и да се изолираат.

-СЗО веќе одобри тестови од нови компании, кои се за 30, 40, 50 отсто поевтини од овие сега и резултатите се добиваат за 20 минути. Се надевам дека на тој начин ќе се зголеми капацитетот на јавните здравствени установи, а потоа тоа ќе се одрази на приватните, бидејќи никој нема да плаќа поскапо ако има ваква можност, истакна премиерот.

Тој истакна дека им симнува капа на министерот за здравство Венко Филипче и на здравствените работници.

Поврзани новости