Заев: Претседател на држава Албанец кога сите граѓани ќе бидат подготвени да гласаат за него!

by Fokus

Премиерот Зоран Заев вели дека нема ништо против претседател на државата да биде Албанец и оти би сакал да го дочека тоа, но нагласи дека за тоа да се реализира потребна е поддршка не само од Албанците кои живеат во земјата туку и од останатото неалбанско население.

-Ќе го чекам моментот кога граѓаните и Македонци, Албанци, Срби, Власи и Турци ќе бидат подготвени да изберат граѓанин кој не е Македонец. Ова е наша заедничка земја, овде сите сме родени, татковците и дедовците ни се родени, а тука ќе ни биде и заедничката иднина, рече Заев во одговор на новинарско прашање за тврдењата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети дека следно што ќе исполни оваа партија ќе биде избор на Албанец за претседател на државата.

Поврзани новости