Заев: Преодна Влада мора да има

by Фокус

-Не сум оптимист дека ќе се посигне договор, а нашите позиции и барања се јасни и гласни, бидејќи нормализирање на државата единствено е можно по пат на формирање на предна влада што ќе ја подготви земјава за фер и демократски избори, изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев по денешната лидерска средба.

Тој рече дека средбата не била политички дијалог, туку само обид да се постави рамката во која би можел да се одвива тој дијалог.

-Денеска сме овде да ги потврдиме нашите заложби за враќање на Македонија кон евроинтегративните процеси и враќање на демократијата во земјава. Ова денес не беше политички дијалог, но се обидовме да поставиме рамка во која би можел да се одвива дијалогот. Денешните обиди да се воспостави таа рамка не беа успешни, но ќе продолжиме во понеделник, рече Заев.

Поврзани новости