Протест: „Долу диктатура“ и „Ниту еден Никола повеќе“

by Фокус 20:33
20:33

И денеска група граѓани протестираше обединета во движењето „Протестирам“. Протестот, како и секој ден, започна во близина на Владата, но бидејќи полицијата не дозволува доближување до нејзината зграда, граѓаните се упатија кон Основниот суд Скопје 1.

Таму го повторија барањето за ослободување на притворените активисти и студенти, на чие притворање тие гледаат како на мерка за заплашување на граѓаните.

- Advertisements -

Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше  “Си беше еднаш еден Никола и никогаш повеќе” , „На импотентна власт само народот и се дига” и  “Една Тамара, еден Зоран, еден Институт за белодробни заболувања кај дечиња неизграден! За многу мајки… и ни еден Никола повеќе”. Тие извикуваа „Долу диктатура“ и „Држава партиска“.

Протестот повторно заврши пред Собранието на Македонија, а барањата на граѓаните кои протестираат остануваат исти:  итна оставка и преземање одговорност на целата Влада, итно ослободување на сите активисти притворени од 5 мај наваму и формирање на Влада за демократизација на институциите.

 

 

 

Поврзани новости