543
Премиерот Зоран Заев преку својот фејсбук профил испрати апел до пратениците откако отпочна процедурата за уставни измени со кои би се имплементирал Договорот со Грција. Заев им порачува на пратениците дека е време.
„Сите пратеници имаат историска должност пред граѓаните да го обезбедат патот на Македонија кон стабилност и економски просперитет. Тоа е патот кон НАТО и ЕУ кој води преку македонско-грчкиот договор“, напиша тој на фејсбук.