Активистката Моника Ристеска чека да биде изведена пред судија на претходна постапка

by fokus

Активистката Моника Ристеска се уште е во полициска станица каде чека да биде изведена пред судија на претходна постапка. Таа е приведена синоќа после полноќ, откако бил извршен претрес во нејзиниот дом.

Денеска во 12 часот распит со Моника треба да изврши јавен обвинител и судија на претходна постапка. Кривичното дело кое и се става на товар е продажба на наркотици.

Судијата на претходна постапка треба да одлучи дали ќе и биде одреден притвор.

Поврзани новости