Хан: Има информации за закани кон оние пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои сакаат да гласаат различно од партијата

by fokus

По референдумот за промена на името кој беше неуспешен поради прениската излезност, комисионерот Јоханес Хан ги повика македонските пратеници да ги имплементираат неопходните уставни амандмани за промената да името да се случи набрзо.

-Најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ се противи на тоа во иднина земјата да се нарекува Северна Македонија. Сепак, на Владата и се потребни 10 гласа од ВМРО ДПМНЕ за уставните амандмани, но раководството на партијата се противи на тоа. Постојат информации за закани против оние кои сакаат да гласаат спротивно од партијата и да ја поддржат Владата во Собранието – вели Хан.

Членови на ВМРО ДПМНЕ се спротивставија на партискиот лидер Христијан Мицкоски, но беа казнети поради тоа, како заменик генералниот секретар на партијата, кој беше заменет. Ова е тотално неприфатливо за партија која се прокламира како про-европска и демократска – вели Хан за Стандард, а преведува НОВА ТВ.

Тој сега се надева за процес на дискусија. Бидејќи евроатлантските интеграции кои конечно може да се постигнат со решавањето на спорот со името, исто така се изразена цел и на ВРМО ДПМНЕ, но мораат да се однесуваат согласно тоа и да направат одлука која ќе го направи Договорот возможен. Сè друго е неверојатно – предупредува Хан. „Откажете се од деструктивното однесување“.

Поврзани новости