401
Овие пратенички листи отвараат место за сите и секој кандидат е важен, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев на денешниот Kонгрес кој треба да ги прифати кандидатите за пратеници на опозициската партија за следните избори.
-На листите има луѓе од разни региони, места, села, од разни професории, од разни етнички заедници, од секоја пора на општеството во кое живееме. Ова се пратеничките листи на СДСМ, коалициските партнери и граѓаните. Ова се победничките листи – истакна Заев.