Заев повикан во обвинителството да даде исказ за прислушувањето

by Фокус 12:06
12:06

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска во 12 часот, бил повикан да се појави во Основното јавно обвинителство. Како што информираат од партијата, Заев требало да даде исказ во врска со кривичната пријава која СДСМ ја поднесе неодамна, а во врска со незаконското прислушување.

„Ве известуваме дека денеска, во 12:00 часот, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во Основното јавно обвинителство ќе даде исказ како сведок – оштетен во постапката иницирана со поднесената Кривична пријава од страна на СДСМ за неовластено прислушување„, се вели во соопштението на СДСМ.

- Advertising -

СДСМ тврди дека домашните служби прислушувале над 20.000 македонски граѓани.

 

Поврзани новости