Заев: Пораките кои ги праќа Мицкоски се copy-paste на Груевски

by fokus

Пораките кои ги испраќа шефот на опозицијата ми личат на copy-paste од Груевски, изјави премиерот Зоран Заев во врска со Законот за употреба на јазиците, за кој рече дека неделава мора да се донесе.

Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес конференција, Заев порача дека парламентарното мнозинство е стабилно.

-Тоа што го зборува Мицкоски го зборуваше и Груевски. Велат дека ќе ја крепеле потребата од мнозинство во парламентот. Владата е стабилно и мнозинството како што гледате расте и ќе продолжи да расте затоа што иднината на Македонија е преку концептот едно општество за сите – рече Заев.

Поврзани новости